11 ДЕВОЈКИ ПРИВЕДЕНИ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ЖЕРОВЈАНЕ

Вести Истакнато Македонија

Вкупно 11 девојки биле приведени, откако тетовската полиција извршила рација во угостителски објект во селото Жеровјане. Шест од нив биле државјанки на Србија, информираше МВР.

„На 05/06.12.2018 година од 23,00 до 04,00 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект во село Жеровјане, тетовското сопственост на Х.А.(29) од Боговиње. При контролата, во објектот биле затекнати пет странски и шест македонски државјанки. Петте женски лица од Република Србија на возраст од 21 до 29 години приведени се во Полициската станица Тетово и по кусото задржување, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.“, се вели во известувањето на полицијата.