15 лица загинаа во пожарите во Тунис, 1.500 луѓе евакуирани
Најмалку 15 лица загинаа во пожари во планинските предели на Алжир, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја.
Министерството наведува дека пожарите се предизвикани од голема суша и топлотен бран, а во гаснењето на пожарот се ангажирани околу 7.500 пожарникари, пренесува „Ројтерс“.
Евакуирани се околу 1.500 луѓе.
„Ројтерс“ јавува дека голем топлотен бран ги погодил северноафриканските земји, а на некои места во Тунис температурите достигнале приближно 49 Целзиусови степени.