|

166 сообраќајни прекршоци во Скопје

По засилените акциски контроли во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје од страна на МВР биле изречени вкупно 166 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 61 санкција, 15 за возење без возачка дозвола, седум прекршоци што ги напрaвиле возачите на мотоцикли.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слични Објави