17-годишен возач и уште петмина тинејџери повредени во сообраќајка кај Ржаничино

/

На автопатот Скопје-Велес, во близина на надвозникот кај селото Ржаничино, околу еден часот по полноќ на 29 неоември била пријавена тешка сообраќајна незгода.

Како што информираат од МВР, автомобил „бмв“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Л.Н., а управуван од неговиот 17-годишен син од скопското село Огњанци, излетал надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот, а повредени се и петмината сопатници З.Ж. (19), М.Д.(19) и уште тројца малолетници, кои по несреќата биле пренесени на комплексот клиники „Мајка Тереза“.



На местото на настанот извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да се извини на народот за трошење на нивните пари

Следна статија

Бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ за лицата со оштетен слух

Најново од Вести