19-годишен прилепчанец тешко повреден во сообраќајка меѓу мотоцикл и патничко возило

/

Вчера во 15:15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на крстосница од ул. Марксова и ул. Панде Чесноска во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(19) од Прилеп и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(44) од с.Житоше.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.



Извор: Темите

Претходна статија

Кривичен суд изработил 3500 уверенија и потврди за кандидатите за советници и градоначалници

Следна статија

Македонија е најбезбедна земја на Западен Балкан

Најново од Вести