| |

23 Обука за подготовка на Еразмус+ проекти со менторска поддршка

На барање на претставници од универзитети, средни и основни училишта, бизнис секторот и граѓанските органзации од Република Македонија, на 23 и 24 јануари (вторник и среда ) ќе се одржи уште една (четврта) Обука целосно посветена на Ерасмус Плус проектите. Во рамките на оваа Обука ќе се организира и бесплатна сесија на 23/1/2017 од 9:30 до 11:30.

На бесплатните сесии може да присуствува секој кој ќе се пријави со пополнување на апликацијата дадена на линкот подолу до пополнување на лимитот на можни учесници на кои ќе се претстават отворените повици на ЕРАЗМУС ПЛУС за кои се аплицира во Брисел, и оние за кои са аплицира во Р. Македонија (со крајни рокови до крајот на април 2018).

Обуката се одржува во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ со Виктор Милошевски, како главен обучувач за оваа тема со богато искуство во подоготовката и спроведувањето на Еразмус Плус проекти.

Понудата вклучува дводневната обука за развој на проектни концепти и последователни 4 часа за менторство (кои може да се распределат на 2-3 средби од по 1-2 часа) за финализација на проектната апликацијата за добивање на грантови (неповратна финансиска поддршка) за една од следниве:

Ерасмус + централзиирани повици (за кои се аплицира во Брисел): кои ги има како отворени повици се:
1. KA3 “Заеднички квалификации во стручното образование и обука (Рок 31/01/2018)
2. КА2. Алианси на знаење – Соработка за инивации и размена на добри практики (Рок: 28/02/2018)
3. КА2. Алианси на Секторски вештини – Соработка за инивации и размена на добри практики (Рок: 28/02/2018)
4. Жан Моне Активности 2018 (Рок: 22/02/2018)
5. КА1. Еразмус мундус заеднички магистерски студии (Рок: 15/02/2018)
6. КА2. Развој на капацитетите во областа на високото образование (Рок: 08/02/2018)
7. КА 2: Развој на капацитетите во областа на младите (Рок: 08/03/2018)
8. КА 2: Стратешки партнерства во областа на образованието и обуката (Рок: 21/03/2018)
9. Активности Спорт (Партнерства за соработка, Мали партнерства за соработка и Непрофитни Европски спортски настани) (Рок: 05/04/2018)

Дополнително Ерасмус + децентралзиирани повици (за кои се аплицира во Македонија) се:
1. Мобилност на индивидуи во областа на младите (Рок:ови 1/02/2018 и 26/04/2018)
2. Мобилност на индивидуи во областа на високо образование(Рок: 1/02/2018)
3. Мобилност на индивидуи во областите на стручно образование и обука, училишно образование и образование на возрасни (Рок: 1/02/2018)
4. Стратешки партнерства во областа на млади (Рокови: 1/02/2018 и 26/04/2018)
5. Состаноци помеѓу младите луѓе и носители на одлуки во областа на младите (Рокови: 1/02/2018 и 26/04/2018)

Секој учесник добива материјали за работа, потребните формати, како и сертификат за завршен курс (на крајот по процесот на менторство). Котизација за учество е 9.500 мкд и ги опфаќа и трошоците за храна, кафе и пијалоци за освежување на учесниците.

Тргнувајќи од мисијата на Проефект, и принципите на општествената одговорност, за оваа обука е предвидено 15% попуст на котизацијата за следниве категории на учесници: Персонал и активни членови на граѓански организации, студенти и невработени повеќе од 6 месеци (т.е. плаќаат 8.100 мкд). Попуст се пресметува и доколку тројца учесници од иста организација/институција се пријават за учество (во тој случај третото лице ќе ја следи обуката за 3800 мкд,(или за само 40%), т.е. сите три учесници ќе треба да платат котизација во просек од 7.600 мкд од учесник)). За платени три полни котизации (или вкупно 28.500 мкд) 4-тот учесник е гратис (т.е. во просек по учесник по 7.125 мкд) .

Пополнетата апликација за учество (тука) треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 12 часот на еден ден пред одржувањето на обуката. Плаќање на котизацијата треба да се направи веднаш по поднесувањето на оваа апликација за учество (и по добивањето на (про)фактура од ПРОЕФЕКТ) на жиро сметката на ПРОЕФЕКТ најдоцна еден ден пред почетокот на обуката. Обуката се одржува во периодот од 9.30-17.30 во секој од деновите на обука во просториите за обука на ПРОЕФЕКТ во Скопје. За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата [email protected].



Слични Објави