| |

ЗАЕВ: НЕМА ДА ИМА НОВА АМНЕСТИЈА

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе нема нова амнестија во следниот период, а додаде дека не верува ни дека претседателот Иванов ќе се одлучи на таков чекор.

– „Не верувам дека ќе има амнестија, нема потреба од такво нешто, и нема такви случаи. Ниту некој планирал амнестија. Делот на законот за амнестија се случи во рамките на помирување, кога на државата и требаше 2/3 мнозинство за уставните измени. Парламентот нема потреба да посегнува во вакви работи. Не верувам дека никој од институциите ниту министерството, ниту претседателот Иванов ќе амнестира“, изјави Заев.

Извор: Iportal



Слични Објави