4 работи кои ќе ве направат посреќни

Ако сакате да бидете среќни прочитајте ги овие неколку совети на неврологот Алекс Корб:

1. Дефинирајте ги вашите емоции
Ако чувствувате негативна емоција како тага или гнев, обележете ја таа емоција. Ова може да не изгледа едноставно, но вашиот мозок реагира кога ќе ги поставите своите чувства на лист хартија. Едно истражување, покажало дека кога некој учесник кој добил слики на луѓе кои ги изразуваат емоциите на нивните лица, неговата амигдала (мозочен нерв со бадемаста форма) се активирал кон емоциите кои ги гледал. Кога му било кажано да ги именува емоциите, фронталниот лобус бил активиран и се намалила реактивноста на емоционалната амигдала. Ова во суштина значи дека кога учесниците свесно ќе ги сфатат емоциите кои ги гледаат, тоа го намалува влијанието на овие емоции во нивниот мозок. Ова е толку едноставно и сè уште има голем и длабок ефект. Вие всушност не ги отстранувате емоциите, само си правите еден интелектуален чекор подалеку од нив. Исто така разбирате дека во повеќето случаеви нашите секојдневни емоции не се поврзани со ништо конкретно. Тоа може да биде предизвикано апсолутно од сè. Скандал со вашата сопруга, проблеми колегата или газдата, лошо спиење или заборавање на важен документ. Ние сите сме склони да создаваме приказни во нашите умови. Кога ќе ги обележиме овие чувства, стануваме свесни за сопствените емоции и повеќе од сигурно е дека нема да дозволиме да паднеме во нивната стапица и да си направиме додатни проблеми.

2. Запрашајте се за што треба да бидете благодарни
Придобивките од благодарноста „почнуваат со допаминскиот систем, бидејќи чувството на благодарност, ги активира мозочните матични области кои произведуваат допамин. Покрај тоа, благодарноста кон другите ја зголемува активноста во социјалните допамински синџири, што ги прави социјалните интеракции повеќе пријатни.“ Благодарноста може исто така да го зајакне  невротрансмитерот серотонин, што ве тера да се смирите. Истражувањата покажуваат дека со зголемувањето на емоционалната интелигенција невроните во овие области стануваат поефикасни. Па дури и ако имате проблеми да најдете нешто за да бидете благодарни само поставете си го прашањето „за што сум благодарен?“. Ова значи дека сте на вистинскиот пат кон среќата.

3.Бидете решителни
Нема ништо полошо отколку да се чувствувате дека имате незавршена работа. Само со одлучувањето за нешто како да го направите може да ја намали анксиозноста. Наместо да си дозволите на себеси да поминете повеќе време во двоумење и да ги анализирате сите можни идни сценарија и резултати, бидете решителни и донесете што е можно побрза одлука. Донесувањето на одлуките вклучува создавање на намери и поставување на цели – и трите се дел од истиот нервен синџир кој го ангажираат фронталниот лобус на позитивен начин, намалувајќи ја тревогата и загриженоста. Процесот на донесување одлуки, исто така, им овозможува на луѓето да се чувствуваат дека имаат контрола над работите – чувството „надвор од контрола“, исто така може да предизвика чувство на вознемиреност.

4. Прегратка и допир на блиските и пријателите
Еден од главните начини за ослободување на окситоцинот е со допир. Окситоцин е хормон кој делува како невротрансмитер во мозокот. Тој е познат како „хормон на љубовта, бидејќи ја регулира социјалната интеракција и сексуалната репродукција, игра улога во однесувањето на врската помеѓу мајката и бебето и ослободување на млекото, ги зголемува емпатијата, дарежливоста и оргазмите. Значи, кога луѓето ги допираат, прегрнуваат или бакнуваат другите, нивото на окситоцин всушност се зголемува. Окситоцинот е противотров за депресивните чувства, вели неврологот Алекс Корб. Значи, повеќе прегратки!

Слични Објави