5 знаци кои покажуваат дека ТОЈ е „мамино синче“

/

Некои мажи изгледаат сигурни, слободни и со голема самодоверба. Проблемот е што некои навистина само изгледаат така а вистината за нив е дека не можат да функционираат без да се потпрат на своето семејство особено на мама. Кошмар за секоја девојка би било да се заљуби баш во таков маж односно во „мамино синче“ .

Како да откриете на време дали мажот што ви се допаѓа припаѓа во оваа категорија? Погледнете ги следните знаци:

1. Не може да донесе брзи одлуки
Ако се колеба за сè и бара поддршка или сака да се консултира со неговата мајка кога донесува одлуки, проблемот е многу сериозен. Ова е човек кој ќе ја слуша мајка си за сè и постојано ќе бара нејзино одобрување.

2. Тој сѐ уште живее со својата мајка во нејзиниот стан
И да живее сам во посебен стан неговата независност може да биде само привидна.  Да, живее сам, но всушност некој друг му ги плаќа сметките. Бидете тактични и дознајте каква е точно ситуацијата. Живеењето во ист стан со мама нема да го коментираме.



3. Честопати разговара со мајка му  по телефон
Ако неговата мајка постојано го повикува на телефон да провери дали јадел, дали е добро облечен итн. ова не е добар знак. Ако таа е премногу загрижена, тие се премногу блиски и може да создадат напнатост во вашата врска.

4. Ве споредува со неговата мајка или често ја спомнува додека разговарате
„Мојата мајка ова, мајка ми дека …“ Опа … тука работата е сериозна. Вас нема да ви биде пријатно да се споредувате со неговата мајка, и тоа нема да се промени бидејќи е шифрирано и ќе морате да го прифатите без право на жалба.

5. Тој е разгален
Ви се чини дека тој е малку „нежен“, има повеќе барања и сака сè да се направи на свој начин или како што тоа го прави неговата мајка.

Претходна статија

Свинско месо со праз

Следна статија

Ова го можат само животните! (ВИДЕО)

Најново од Љубовни приказни