50-тина деца и бебиња хоспитализирани во Гевгелија, имаат респираторна инфекција, Филипче вели случајот се истражува

/

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека освен во Гевгелија нема пријавени вакви случаи во други градови.

Тим од Детската клиника денеска оди во Гевгелија каде што заедно со тамошните лекари во Општата болница ќе испитува од каква респираторна инфекција заболеле 50-ина деца и бебиња во овој град.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска само го повтори она што и вчера го најавија од Министерството, бидејќи сѐ уште нема детали ниту за каква инфекција се работи ниту индиции што би можело да ја предизвика.

Тој денеска само рече дека тестовите за ковид-19 кај децата биле негативни.



Исто така, рече и дека нема пријавени вакви случаи во други градови.

Министерството за здравство вчера објави дека вкупно 50 деца и бебиња од Гевгелија во изминатиов месец побарале лекарска помош во локалната општа болница, со симптоми на респираторната инфекција не се типични за овој период од годината – односно самите инфекции кои се појавиле сега во топлиот период, се карактеристични за есен и зима.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Ужас во Куманово: Извршил полов напад врз ќерка, снимал и го објавил на социјалните мрежи

Следна статија

Премиерот Заев на „Економист“ во Атина: Северна Македонија станува енергетски коридор за земјите од Југoисточна Европа

Најново од Вести