6 едноставни работи што треба да ги правите за вашиот партнер секој ден

/

Секој кој ќе го најде својот партнер  за кој смета дека е вистинскиот мора да го прочита ова…
На секоја врска и е потребна „дневна исхрана“ за позитивен развој. Љубовта оставена без да се негува порано или подоцна згаснува.

Запомнете дека личноста што ја сакате е вашиот пријател, вашиот интимен партнер, вашиот придружник кој секој ден треба да ја чувствува вашата љубов. Малите едноставни зборови и гестови помагаат да се зачува хармонијата во врската.

Кои се малите работи што треба да ги правите за вашиот партнер секој ден?

Насмевнете се, прегрнете го, бакнете го
Што друго ако не топлата насмевка и сензуалната прегратка може да направи лицето да ја почувствува топлината на љубовта?! Овие гестови на наклонетост го намалуваат стресот и ја зголемуваат ефикасноста на човекот не само професионално ниво туку и во обичните животни активности. Насмевката е заразна. Без оглед на проблемите што ги имате, насмевката е способна да ги заборавите и да ги цените најважните работи во животот.

Давајте комплименти
Не е важно дали сте маж или жена. Пофалете го вашиот партнер бидејќи само на тој начин ќе се чувствува ценет и вреднуван од неговиот партнер. Покажете дека ги забележувате неговите напори за постигнување на одредена цел.



Кажете „благодарам“ и „се извинувам“
Не штедете ги овие зборови, бидејќи тие значат повеќе отколку што можете да си замислите. „Ти благодарам“ е важна фраза додека пак „извини“ има уште поголема сила, токму поради тоа што луѓето тешко го кажуваат тоа. За да имате силна и стабилна врска, треба да бидете посамокритични и да научите да ги препознавате вашите грешки. Грубоста не води до ништо добро во врската.

Слушајте го партнерот
Не слушајте само пасивно. Разберете што сака да ви каже вашиот партнер. Бидете свесни и умерени во тоа што го кажувате. Ако сослушувањето ви помине од едното во другото уво, партнерот не само што ќе се налути на вас туку и ќе го навредите. Непочитувањето и рамнодушноста се едни од најопасните работи во врската.

Поминувајте повеќе време заедно
Ако се однесувате како да сте само цимери, а не партнери во вистинска врска, работите ќе почнат да се влошуваат секој ден. Најдете време за активности што ќе ги правите заедно. Времето поминато со партнерот ја зајакнува врската и создава незаборавни и скапоцени спомени.

Поттикнете го вашиот партнер да ги постигне неговите цели
Важно е да ја дадете вашата поддршка. Не осудувајте ги постапките и желбите на другиот. Кога не се согласувате со тоа, кажете му, но немојте да го судите. Нека одлучи самостојно. Поддршката од најблискиот човек дава неочекувани позитивни резултати.

Претходна статија

Пилинг од кафе за отстранување на целулитот

Следна статија

Bad Copy во Скопје!

Најново од Љубовни приказни