| |

70-ГОДИШНА ВЕЛОСИПЕДИСТКА ПРЕГАЗЕНА ВО СКОПЈЕ

Седумдесетгодишна жена е повредена во сообраќајна несреќа што вчера се случила на булеварот Србија во Скопје кога автомобил „фиат панда“, управуван од А. Ј. (36) од Скопје, удрил во велосипед, управуван од В. С. (70) од Скопје.

Во незгодата тешки телесни повреди добила В. С. и била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.



Слични Објави