70 НАСТАДАНИ ВО МАСОВНОТО ПРЕДОЗИРАЊЕ СО НАРКОТОЦИ ВО АМЕРИКА

Вести Истакнато Свет

Повеќе од 70 лица настрадале поради масовно предозирање со наркотични средства во американскиот град Њу Хејвен, Конетикат, објави телевизијата ABC News.

Претходно беше соопштено дека околу 8 часот утрото, средата, службата за итна помош 911 во Њу Хејвен добила голем број повици и пораки од луѓе, кои се почувствувале лошо. Најголемиот број од случаите се наоѓале во градскиот парк.

По последните податоци, настрадале 76 луѓе, од кои 71 се хоспитализирани, а петмина одбиле медицинска помош.

Според зборовите на претставникот на полицијата на градот Дејвид Хартман, полицијата задржала три лица, а засега не е утврдено дали сите тројца или само еден од нив директно се поврзани со масовното предозирање со наркотични средства. Истрагата продолжува.

На настраданите им се лошело, имале халуцинации, висок крвен притисок и проблеми со дишењето. Командантот на пожарната единица на градот Џон Олстон на прес-конференција рече дека жртвите од предозирањето веројатно користеле синтетичка марихуана, позната како К2.