Љубовен хороскоп за 2018 година

Погледнете го љубовниот хороскоп за 2018 година:

Овен
Со Јупитер и Марс во домот на вашата интимност, сексуалниот нагон ќе ви биде на извонредно ниво, но мора да внимавате со кого ќе ја споделувате вашата енергија бидејќи може да има последици, ако луѓето со кои започнувате нешто се несоодветни за вас.

Бик 
Љубовта е во воздухот! Јупитер стои во полето на вашите партнерства, со среќна и позитивна енергија за вашите односи. Ова значи дека е време да се запознаете со нови луѓе, па дури и да се заљубите. Нека романтиката ве води на вистинскиот пат!

Близнаци
Оваа година е вашата кога се работи за емотивните врски. Со Сатурн и Плутон во вашето поле на интимноста, време е да ги преиспитате вашите емотивни врски. Погледнете го начинот на кој постапувате со другите и како тие постапуваат со вас. И запомнете – комуникацијата е клучна.

Рак
Оваа година ќе ве донесе каде што секогаш сакавте да бидете. Револуционерниот Уран е во полето на вашата кариера, носејќи големи промени и неочекувани изненадувања. Сега е време и за љубовта! Благодарение на Јупитер, ќе бидете многу љубезни и полесно ќе ги прифаќате новите личности кои се појавиле во вашиот живот.

Лав
Ова е вашата година за започнување на емотивна врска. Со Нептун во вашата зона на интимност ќе се фокусирате повеќе на вашите емотивни врски. Има ли нешто на што треба да го направите со луѓето кои ве опкружуваат? Откријте што е тоа. Марс  ви носи енергија во полето на врските.

Девица
Љубовта дефинитивно ќе игра сериозна улога во вашиот живот. Сатурн и Плутон се во домот на вашата љубов. Ова е време да направите чекор назад и реално да го анализирате начинот на кој ги изразувате вашите љубовни чувства.

Вага
Поминавте долг пат со вашите врски. Поминавте низ огромни промени минатата година. Во февруари ќе влијае Сонцето врз вашата романтичната страна, приближувајќи ве кон вашата сродна душа – без разлика дали сте слободни или во врска.

Скорпија
Време е да се промените, Скорпии! Револуционерниот Уран се преселува во домот на вашите партнерства и носи промени и малку хаос. Она што го сакавте претходно не е она што го сакате сега, и можете да бидете изненадени од тоа што почнувате да копнеете. Уран е бунтовна планета и ќе влијае на вашиот љубовен живот.

Стрелец
Подгответе се за нови искри. Сончевото затемнување во јуни ќе влијае врз вашиот интимен живот, носејќи ви енергија која ќе ви овозможи да го симнете преградите околу вашите емоции и да сериозно да влезете во врска. Следната година, ќе најдете нови начини да се отворите емотивно и да ги ослободите вашите сексуални фантазии.

Јарец
Месечевото затемнување во јануари ќе влијае врз вашиот сексуален живот и ќе ве поттикне да поработите на проблемите со вашата интимност и емоционалните врски. Дали има нешто што прикривате? Дали ви недостасува нешто? Ова се прашања што треба да се запрашате. Уран ќе застане во домот на вашата љубов – тоа значи дека ќе можете да запознаете многу нови луѓе ако им дадете шанса.

Водолија
Ова е време за промени. Затемнувањето на Месечината во јануари во вашата партнерска област може да стави крај на една ера за вас. Дали сте целосно посветени на вашата врска? Дали сте подготвени да се движите напред? Оваа енергија ќе ги потенцира проблемите кои сè уште не сте ги решиле.

Риби
Оваа година ќе биде корисна за вас на романтичен начин. Сончевото затемнување во јули ќе даде нов почеток во љубовта во вашиот живот. Можете да се приклучите на сајтови за дружење. Дефинитивно ви претстои многу интересна година.



Слични Објави