| |

Гоце Делчев не може да биде симбол на поделеност и омраза меѓу крвни браќа

Пишува: Велислав Илиев/БГНЕС/

На 4 мај (нов стил) 1903 година, четите на Гоце Делчев и демирхисарскиот војвода Димитар Гуштанов се сместиле во селото Баница, кај градот Сер. Во мугрите комитите ги разбудила веста дека турски аскер го опколил селото и врши претрес во куќите. Делчев е свесен дека секое село во кое властите ќе најдат револуционерна група ќе биде изгорено. Војводата се надева дека ако излезе од Баница ќе успее да ја спаси од огнот. Апостолот ја води својата мала чета против непријателските линии, но четниците веднаш се среќаваат со дожд од куршуми, од кои еден го погодува Гоце Делев точно во срцето. Револуционерот паднал мртов, а заедно со него загинале уште шест комити, меѓу кои и Димитар Гуштанов. Неколкуте преживеани по еднодневна борба, се повлекуваат од запаленото село под превезот на темнината.

„Петнадесет часа турците не посмяха от куршумите ни да приближат нашите убити“, разкажува Димо Хаџидимов, учесник во борбата. „Петнадесет часа ний гледахме мъртвия Гоце, приведен сякаш върху гробът на Македония. И петнадесет часа ни се късаха сърцата…Защото осиротяваше цял народ“.

На овој начин завршува земниот живот на Гоце Делчев и тој го започнува патот кон бесмртноста. Херој за време на неговиот живот, Делчев по смртта стана вистинска легенда, а неговите дела беа опеани во стотици народни песни. За македонските Бугари неговата личност е споредлива само со онаа на Васил Левски, па затоа Гоце останува во историјата како апостол на слободата на Бугарите од Македонија.

Роден на 4 февруари 1872 година во бугарскиот град Кукуш (Егејска Македонија), во семејството на Никола и Султана Делчеви, Гоце учел во родниот град до својата 16-та година. Во 1888 година го продолжил образованието во Солунската бугарска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, во која во тоа време учеле сите идни чинители во македонското ослободително движење. Во 1891 година влегол во Военото училиште во Софија. Непосредно пред да добие офицерски чин, Делчев бил исклучен од училиштето поради учество во штрајк.

Чувството на долг кон преостанатите поробени македонски Бугари била доминантна карактеристика во умот на Гоце Делчев. Воден токму од тоа чувство, Делчев се вратил во Македонија во 1894 година и бил назначен од Бугарската егзархија за учител по бугарски јазик и историја во штипско Ново Село. Во исто време, таму бил учител уште еден голем водач на македонските Бугари – Дамјан Груев, кој само една година претходно, во Солун, ги поставил темелите на организацијата што влегува во историјата под името Внатрешна македоно-одринска револуционерна организација (ВМОРО). Груев брзо го привлекува својот нов колега во редовите на ВМРО.

Роден со неоспорни лидерски квалитети, Гоце Делев веднаш зазема една од водечките позиции во сè уште младата револуционерна организација. Во 1896 година учествува на Солунскиот конгрес и заедно со Ѓорче Петров го изготвува еден од првите устави на ВМРО. Истата година бил учител во Банско, успевајќи да ја прошири револуционерната мрежа низ целата Горноџумајска област. Бил избран и за задграничен претставник на ВМОРО во Софија. Во годините по 1899 година, тој сам успеал да го изгради четничкиот институт на организацијата. Привлекува подофицери од бугарската војска, кои пристигнуваат во поробена Македонија за да ги обучат четниците во военото дело. Некои од овие инструктори станале едни од најпознатите војводи на ВМРО. Такви примери се Христо Чернопеев, Марко Лерински и Михаил Апостолов – Попето. По примерот на Левски, Гоце Делчев ја обиколил цела Македонија и Одринска Тракија за да создаде револуционерни комитети. Не останал град или село каде што не стапнала ногата на „праведникот со кама во појасот“ (опис на Симеон Радев за Делчев), вдахнувајќи ја желбата за борба кај поробените Бугари. Долж границата меѓу Кнежеството Бугарија и Отоманската империја биле создадени десетици канали, преку кои минувало оружјето и живата сила, во Македонија преку тие канали влегле и „Под игото“ на Иван Вазов, „Записки за бугарските востанија“ на Захари Стојанов и песните на Христо Ботев. Илинденското востание, во кое 26.000 востаници со месеци водеа битки со близу 300.000 редовна турска војска, е директна последица на апостолската дејност на Гоце Делчев.

Токму одлуката за кревање востание во летото 1903 година донесе одредена поделба во редовите на ВМРО. Делчев смета дека ваквиот потег е избрзан, но мнозинството револуционери имале спротивставено мислење. Апостолот сфаќа дека коцката е фрлена и единственото нешто што може да го направи е да ги вложи сите сили за да го подготви востанието. Во март 1903 година, четата на Гоце Делев го разнела мостот на реката Ангиста на железничката линија Солун-Одрин. Тој се упатува на конгресот на Серискиот револуционерен округ, кој треба да се одржи на планината Али Ботуш, во планината Славјанка. На пат кон конгресот Гоце минал низ селото Баница, каде што ја дочекал својата смрт. Иронично, водач на војската што ја опколила четата на тој кобен ден бил Хусеин Тефиков – колега на Гоце Делчев од Военото училиште во Софија.

Не помалку возбудлива е приказната за смртните останки на војводата, кои неколкупати биле преместени пред конечно, во октомври 1946 година, бугарските комунисти да ги предадат на новоформираната Република Македонија. Иако настанот несомнено е срамна страница во бугарската историја, сепак дава примери за тоа колку е силна почитта на македонските Бугари кон нивниот апостол. Додека кортежот со коските на Делчев влегува во Пиринска Македонија, сè до југословенската граница, илјадници Бугари се редат покрај патот за да се збогуваат со својот херој. Најпотресната сцена се случува во близина на Симитли, каде што стотици сограѓани на Гоце се иселиле од Кукуш откако градот бил целосно опожарен во Балканската војна. Додека кортежот со коските минува низ Симитли, истите овие луѓе ги облекуваат своите носии од Кукуш и клекнуваат од двете страни на патот, пеејќи ги песните „Уште ли бродиш Делчев војвода“ и „Црна се чума зададе“.

Пренесувањето на смртните останки на Гоце Делчев под силен притисок на југословенскиот диктатор Тито во Република Македонија го означи почетокот на серијата напади врз историската вистина кои продолжуваат до денес, политичките озборувања создаваат вештачки спор за неговиот национален идентитет. Овој спор не само што носи изборни дивиденди за субјектите кои немаат никаква врска со каузата на херојот, туку станува пречка за добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија. Таков спор не може да има, бидејќи во текот на животот и самиот Гоце Делчев изјавил како се чувствувал.

„Отцепленията и разцепленията никак да не ни плашат. Действително жалко е, но що можем да правим, когато си сме българи и всички страдаме от една обща болест! Ако тая болест не съществуваше в нашите прадеди, от които е наследство и в нас немаше да попаднат под грозния скиптър на турските султани“, пишува Делчев до неговиот соработник Никола Малешевски.

Откако ќе се помириме со фактите од минатото, изградбата на мирна иднина ќе биде лесна задача за двете страни. Дополнително, да размислиме колку би било за морална осуда, во очите на Гоце Делчев, насилството врз основа на националното самоопределување. Зарем тој самиот не изјавил дека светот го гледа „единствено како поле на културен натпревар меѓу народите“? Современиците на револуционерот тврдат дека тој бил лишен од тесноградиот шовинизам кој сеел омраза меѓу народите. Затоа Гоце Делчев во 21 век не може да биде симбол на поделба и омраза меѓу крвни браќа. Гоце Делчев мора да продолжи да биде знаменосецот на борбата на македонските Бугари за човекови права, како што било секогаш!



Слични Објави