Српскиот претседател Александар Вучиќ во официјална посета на Хрватска
Под силно полициско обезбедување, српскиот претседател Александар Вучиќ престојува во дводневна официјална посета на Загреб, на покана на неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ, јавува МРТ.
Вучиќ и Китаровиќ разговараат за судбината на исчезнатите лица и културното богатство во Југословенската војна, соработката при апсење на осомничени воени злосторници, малцинствата, и нерешеното гранично прашање.
Претходно Вучиќ изјави дека е изненаден од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој бара дискусија и за воената отштета и шестмесечен мораториум на теми од билатералните односи од минатото.

