| |

Уна Чаплин доаѓа на Aniventure Comic Con во Бугарија

Актерката Уна Чаплин, внука на Чарли Чаплин и позната по улогата на Талиса Старк во „Game of Thrones“, ќе биде специјален гостин на Aniventure Comic Con, кој ќе се одржи на 11 и 12 јули во „Интер експо центар“ во Софија, јавува БТА.

Чаплин, која неодамна се приклучи на франшизата „Avatar“ со улогата на Варанг во претстојниот филм „Avatar: Fire and Ash“, ќе се сретне со обожавателите и ќе учествува на панел посветен на нејзината работа во „Avatar“ и „Game of Thrones“.

Меѓу останатите гости се Кристофер Џаџ, познат по улогата на Teal’c во „Stargate SG-1“ и гласот на Кратос во „God of War“, како и Џон Рис-Дејвис, кој ги толкуваше ликовите на Гимли во „The Lord of the Rings“ и Салах во „Indiana Jones“.

Во рамки на настанот ќе гостува и легендата на Counter-Strike, Кристофер GeT_RiGhT Алесунд, а програмата ќе вклучува и косплеј натпревари и средби со популарни бугарски креатори на содржини.



Слични Објави