ИЗЛОЖБА „ЖЕНИТЕ И ФОТОГРАФИЈАТА“ ВО КУМАНОВО

Во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово во петок со почеток во 19:30 часот ќе биде отворена традиционалната изложба на фотографии насловена „Жените и фотографијата“.

Изложбата е во организација на Фото клубот„ Куманово“, а пред јавноста ќе бидат изложени фотографии на 37 авторки од цела Македонија.

Објективот на жената фотограф е различен од објективот на маж фотограф, авторката на фотографијата има сосема поинаква перцепција за динамиката на објектите кои се опфатени со кадарот од апаратот.

Различноста на перцепцијата се одликува и во квалитетот на фотографијата и во тематиката, објектот на фотографирање и техниката. Авторката преку фотографијата произведува цел свет од доживувања и пресеци на реалноста и светот каде што припаѓа.

Изложбата ќе биде поставена до 19. март



Слични Објави