ФИЛИПЧЕ: ЗАСЕГА НЕМА ПОТРЕБА ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИ ЧАС
Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека засега властите процениле дека нема потреба од воведување на полициски час и нови рестриктивни мерки.
Првиот човек на македонското здравство информираше дека сите болници во државата, освен во Струмица и Куманово имаат слободни болнички кревети и пристап до кислород. Филипче порача дека нема потреба од менување на системот „Мој термин“ затоа што се обезбедени капацитети, а има и план за распоред на кадарот.
Филипче уште еднаш упати апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и да им дадат поддршка на здравствените работници со едно високо ниво на свест.
Министерот ги потсети граѓаните дека се донесени нови препораки и мерки во борбата со коронавирусот.
„Вчера донесовме уште некои препораки и мерки, а тоа е е рестрикција со групирање, со соодветни исклучоци. Сведоци сме дека за време на викендите има групирање преку ден во парковите. Ова е тежок и комплексен период и сите треба да сме свесни, да не се групираме и да не излегуваме од дома без потреба“, изјави Филипче.
