И ОФИЦИЈАЛНО: НАЈЧИСТАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ Е ТУКА ВО СОСЕДСТВОТО!

Вести Истакнато Магазин Разно Свет

60 отсто од нејзината територија е покриена со шуми

Во нашиот регион се наоѓа држава која доби меѓународно признание за екологија и одржливост, пишува Нешнл џиографик.

Обединетите нации ја прогласија 2017 година за Меѓународна година на одржлив развој на туризмот. Земјата која освои најмногу бодови во сите категории и на тој начин ја освои титулата на победник и, верувале или не, тоа е Словенија.

Насловот за „најодржлива” земја дојде откако беше констатирано дека Словенија исполнува 96 од 100 индикатори за одржливост.

Повеќето од државите кои биле во конкуренција имале околу 80% од показателите кои ги задоволувале барањата. Секоја од нив се карактеризира со грижа за животната средина и климатските промени, биолошката разновидност, културната автентичноста. Од друга старана пак оваа вест не изненади многумина, бидејќи во 2016 година словенечкиот главен град ја освои титулата најзелен град во Европа.

Оваа награда дојде како резултат на напорна работа на владата која воведе сет на мерки и закони за заштита на животната средина. Една од нив е дека отпадот мора, дури и во најраните фази да се одделува на пластика, хартија и био-отпад. Ова осигурува дека една третина од отпадот произведен во текот на годината се рециклира. Со воведувањето на јавни велосипеди, автобуси кои користат природен гас и забрана за возење во центрите на големите градови, Словенците успеаа драстично да ги намалат емисиите на штетни издувни гасови. Природниот гас исто така се користи за греење на населени места.

Друга причина зошто Словенија ја заслужува титулата е и фактот што 60% од територијата на Словенија е покриена со шуми. Мора да се додаде и фактот дека во Словенија има 20.000 видови на животни и растенија кои живеат во 40 национални паркови и резервати.

„Бидете горди на својата земја и потрудете се секој град во нашата земја и пет години од денес да остане зелен, чиста и автентичен за туристи”, рече Албер Салман на церемонијата на свеченото наградување.