А1 Македонија има најголем број на корисници во земјава

/

Телекомуникацискиот оператор А1 Македонија има најголем број на корисници во земјава и според податоците на АЕК овој оператор нуди најбрз интернет на своите корисници. Во изминатиов период компанијата вложила 30 милиони евра во изградба на сопствена најсовремена мобилна мрежа со што освен најбрз интернет, корисниците добиваат и квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со ултра висок HD квалитет. Дополнително, од А1 Македонија посочија дека вложуваат и во проширувањето на фиксната мрежа за интернет и телевизија кој овозможува пристап преку кабелска и оптичка мрежа до над 270 илјади домаќинства со супербрз стабилен интернет.

„А1 Македонија е најголемиот оператор во мобилниот сегмент. И тоа е истражување или официјален извештај на АЕК кој констатира дека ние како оператор имаме најголем број на корисници во Македонија, но не само волуменот на корисници, но исто така и процентот на говори или сообраќај кој ние го поддржуваме иде до 53 отсто тоа го потенцира фактот на големината на А1 Македонија. Денеска имаме чест и гордост да презентираме нова понуда која што е најдобра понуда на македонскиот пазар каде нашите корисници во мобилниот сегмент добиваат 100 гигабајти интернет секој месец“, изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.



Извор:zoom.mk

Претходна статија

Холштајн: Веб-страницата за добивање германска работна виза во првите неколку часа имала над 50.000 прегледи

Следна статија

ДИК ги презеде првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи

Најново од Вести