|

Африка сака крај на војната во Украина: Лидерите од Египет и Јужна Африка повикаа на прекин на огнот

Лидерите на неколку африкански земји повикуваат на прекин на огнот во Украина и имаат намера да ги посетат Москва и Киев кон средината на месецот, соопшти кабинетот на претседателот на Јужноафриканската Република.

Во соопштението се наведува дека по вчерашните виртуелни разговори, претседателите на Египет, Замбија, Коморските острови, Сенегал, Уганда и Јужноафриканската Република се договориле да се вклучат во разговори со претседателите на Русија Владимир Путин и Украина Володимир Зеленски за прекин на огнот и траен мир во регионот.

„Министрите за надворешни работи на споменатите земји добија задача да ги финализираат елементите на планот за мир. Претседателите потврдија дека можат да отпатуваат во Украина и Русија во средината на јуни“, се наведува во соопштението.

За време на средбата, страните истакнаа дека Африка е многу заинтересирана за ставање крај на конфликтот во Украина и е подготвена да дејствува како посредник во тоа.

Африка сака да стави крај на војната, со оглед на негативните последици за африканските земји и остатокот од светот во голем број клучни сектори, како што се храната, енергетската безбедност и меѓународното финансирање, пренесе ТАСС.

Претседателот на Јужноафриканската Република, Кирил Рамафоса, на 16 мај објави дека Русија и Украина се согласиле за посета на африканска делегација, со цел да се бара мирно решение на конфликтите. Рамафоса зборуваше во име на Јужна Африка, Египет, Конго, Сенегал, Уганда и Замбија.

Во тек се консултации за временската рамка на посетата.

Слични Објави