Вечерва (24 мај 2018), со почеток во 22 часот, на сцената на Театарот Комедија, Албанскиот театар од Скопје премиерно ќе ја изведе претставата „Смртта на Дантон“ од Георг Бихнер, во режија на Дино Мустафиќ. Во претставата играат Рефет Абази, Луран Ахмети, Гзим Zherka, Фисник Зеќири, Музбајдин Ќамили, Осман Ахмети, Хамди Рашиди, Генци Мирзо, Амернис Нокшиќи, Илир Речи, Сокол Хајрулаи, Асдрен Селими, Бесфорт Идризи, Берат Махмут, Ајше Усеини, Аријан Ејупи, Фатон Ибрахими, Кујтиме Ахмети, Таулант Дестани и Орфеј Асланај. Драматург е Жељка Удовичиќ Плештина, сценографијата е на Драгутин Броз, костимите на Инес Гоља, музиката на Оливер Јосифовски, а кореограф е Ѓерѓ Превази. Оваа соработка на Албанскиот театар со познатиот режисер Муастафиќ е проект финансиран од страна на Министерството за култура. По долг временски период, на сцената се враќа актерот Рефет Абази, а во претставата играат и значителен дел од новодипломираните актери, студенти на факултетите за драмска уметност во Скопје и Тетово.
Најново од Култура
Целовечерен концерт во рамките на музичката програма на фестивалот Охридско лето, вечерва, во црквата „Света Софија“,
Според сегашните податоци на обложувалниците, најголем фаворит за победа е Италија и нејзиниот претставник – групата
ВО БУГАРИЈА ПРЕТСТАВЕНА КНИГАТА „ПРЕОБРАЖЕНИЈА“ ОД ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ
ФОТО: Слободен печат Презентација на книгата „Преображенија“, со поетски дела на македонскиот писател Владимир Мартиновски, се
Врвни гитаристи и добитници на „греми“ ќе бидат дел од 12-то издание на Меѓународниот фестивал за
Десетмина уметници од државата денеска цртаа графити на манифестацијата „Графити фест“ која се одржа во Куманово,