АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ ЈА БАРА ОСТАВКАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

//

Од партијата на Зијадин Села го обвинуваат министерот за здравство Венко Филипче дека ја користи „маглата околу проблемот со името на земјата и договорот со Грција“ за да ги продолжува старите практики од минатото, визирајќи го тендерот од 35 милиони евра, за којшто се дозна деновиве. Според Алијансата овој скандалозен тендер кој произлегува од проектот за централизирање на биохемиски лаборатории на централно ниво е многу сомнителен бидејќи победничката компанија ќе има монопол на целиот бизнис на биохемиски апарати и реагенси за период од три години. 

Од партијата информираат уште дека комисијата за здравство на Алијанса за Албанците барала овој проект да се прекине веднаш и предложила формирање на експертски групи кои ќе ги регистрираат постоечките апарати, фреквенцијата и обемот на работа на секоја биохемиска лабораторија, бројот на населението кој го покрива, бројот и квалификациите на вработените во оваа област. Врз основа на бројните неправилности во овој тендер но и на другите скандали од почетокот на мандатот, Алијансата за Албанците бара оставка од министерот за здравство како морален чин кон населението кое добива најлоши здравствени услуги во регионот, велат од партијата на Зијадин Села.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗА ЗАЕВ И АНЃУШЕВ ДРЖАВАТА Е НИВНА СОПСТВЕНА ФИРМА

Следна статија

П. КОЛЕВ: ДОСТА ГИ ВАЛКАВТЕ СВЕТИТЕ ЧЕТИРИ БУКВИ!

Најново од Вести