АЛТЕРНАТИВНИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ НА ГРЦИЈА: ГО СЛЕДИМЕ СЕКОЈ ЧЕКОР НА СКОПЈЕ

//

Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека е во рамките што сме ги поставиле, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за неделното издание на весникот „Етнос“. Одговарајќи на прашање за европската перспектива на земјите од регионот, тој објаснува дека е потребно да се исполнат критериумите, јавува НОВАТВ.

„Грчката влада има цврст и позитивен став кон перспективата за проширување на Унијата кон поширокиот регион со земјите од Западен Балкан. Меѓутоа, за нивна интеграција, сметаме дека е неопходно почитување на принципите на владеење на правото и, секако, градење на добрососедски односи. Ова значи усогласеност со воведените уставни измени и напуштање на било кој елемент на иредентизам. Атина ќе го следи секој чекор на Скопје, грижејќи се дека се наоѓа во рамките што сме ги поставиле“, вели Варвициотис.





Претходна статија

МАКЕДОНИЈА СО НАЈМАЛА ПРОСЕЧНА ПЛАТА ВО РЕГИОНОТ

Следна статија

ГРЦИЈА ВО ПЛАМЕН, ЗА 13 ЧАСА РЕГИСТРИРАНИ 44 ПОЖАРИ

Најново од Вести