|

Американскиот спелеолог спасен од пештера во Турција

Американскиот спелеолог Марк Дики, кој беше заробен на дното на пештера во јужна Турција на 2 септември, е спасен вчера вечер, соопшти Турската спелеолошка федерација.

„Излезе Марк Дики“, соопшти Турската спелеолошка федерација, додавајќи дека „операцијата за спасување е успешно завршена“.

40-годишниот спелеолог бил заробен во пештера откако доживеал крварење во абдоминалната празнина за време на истражувањето на мрежата на пештерите Морка во близина на градот Мерсин, кое го спроведувала меѓународна група спелеолози.

Во неговото спасување учествуваа неколку меѓународни екипи.

Mark Dickey was removed from the last exit of the cave at 00:37 and taken to the UMKE tent. Thus, the cave rescue part of the operation has ended successfully. We congratulate all those who have contributed! #MarkDickey #caverescue #Morca #tumaf@AFADBaskanlik

— Türkiye Mağaracılık Federasyonu (@tumaf1) September 11, 2023

Околу пладне во понеделникот, спасувачките тимови го извлекоа Дики на само 180 метри од површината. Хрватската планинска спасувачка служба (ХГСС) претходно соопшти дека неговата здравствена состојба со континуирана грижа на лекарите е стабилна.

Дики го истражувал системот на пештерата Морка кога му се слошило на длабочина од над 1.000 метри. Откако лекарот се симнал, констатирано е стомачно крварење. Поради здравствената состојба Марк не можел сам да се движи, па со носилки го извлекле. За безбедно да го извлечат од тесните премини, спасувачите морале да употребат експлозив.

Морка е трет најдлабок пештерски систем во Турција, на висорамнината Тасели, во тешко пристапната планинска област на провинцијата Мерсин.

Слични Објави