АМСМ: НЕМА ПОДОЛГИ ЗАДРЖУВАЊА ЗА ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ОД ДРЖАВАТА

/

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ДОДЕКА ЗАЕВ И СДСМ ЈА ПУСТОШАТ МАКЕДОНИЈА, СУДОТ СЛЕПО ИЗВРШУВА ПОЛИТИЧКИ НАРАЧКИ

Следна статија

ГРЦИТЕ СО НОВИ ПРОТЕСТИ ЌЕ ГО „БРАНАТ“ ИМЕТО МАКЕДОНИЈА

Најново од Вести