Ангелов: Сакаме да се покаже на општеството дека нападите врз бугарските клубови и претепувањето нема да останат неказнети
„Кривичното дело извршено врз Христијан Пендиков е обраснато со секакви хипотези и лажни вести. Беше интерпретирано на различни начини. Ја чекаме официјална истрага на обвинителството. Чувме шпекулации дека Христијан е дилер на дрога. Во декември тој поднесе молба за бугарско државјанство и достави потврда од суд дека не се води никаква постапка против него и дека не е осудуван, издадена од РС Македонија. Во контакт сме со Христијан. Тој се чувствува подобро, но некое време нема да може да конзумира тврда храна. Ова го изјави амбасадорот на Бугарија во РС Македонија Ангел Ангелов пред БНТ.
„Негативниот начин на зборување е секогаш посилен од позитивниот. Валканиот новинарски канал е секогаш посилен. Ние направивме така РС Македонија да има реална диверзификација на доставите на гас преку интер конекторот со Грција. Заедно се поклонивме пред споменикот на Св. Климент Охридски. Ние како да зборуваме на различни јазици, на кои што не се разбираме, кажано метафорички. Тоа е многу сериозен проблем на кој што обрнуваме сериозно внимание“, изјави амбасадорот.
,,Сосема нормално е амбасадорот да биде повикан во својата земја на консултации кога има проблеми. Моето враќање во Скопје ќе биде решено од надлежните институции кај нас. Со РС Македонија треба да ја обновиме довербата и да одиме нагоре. Мостовите се градат со доверба. Кога ќе кажеме дека има проблем од другата страна треба да го решат. Списокот со Бугарите кои нема да бидат пуштени на територијата на РС Македонија се уште е хипотетички. Каналите за комуникација не се затворени на сите нивоа. Никој ги нема прекинато односите. Сакаме да се покаже на општеството дека пукањето, обидот за палење на клубовите и претепувањето на луѓе не е нешто што ќе остане неказнето. Право на Бугарите е да одлучат како да ги именуваат своите клубови во РС Македонија. Ако Бугарите бидат вклучени во Уставот веќе нема да се чувствуваат дискриминирани”, коментира Ангелов.