АНГЕЛОВСКИ: ОВИЕ ФУДБАЛЕРИ ЗАСЛУЖИЈА ДА БИДАТ ТРЕТИ ВО КВАЛИФИКАЦИИВЕ!

Македонија утревечер од 20.45 часот ќе го заврши овој евроквалификациски меч против Израел на Националната Арена „Тодор Проески“ во обид со триумф да стави печат на циклусот и еврнтуално да стигне до третото место, што би бил најдобар пласман во историјата на македонската селекција.

Кога веќе Македонија отпадна од трка за директен пласман, па се насочува кон мартовските баражи, победа против Израел би била добредојдена за да се зачува самодовербата, а евентуално со помош на Полска против Словенија и наша победа да се стигне до третото место.

„За нас не постои притисок за да го освоиме третото место, туку ние на таа шанса гледаме како мотив. Овие фудбалери за сето тоа што го покажаа во овие квалификации заслужија да завршат како трети. Ние одиме на победа, а колку ќе биде доволно ќе видиме, треба Полска да ја победи Словенија… Мене математики не ме интерсираат, ме интересира играда, да влеземе тактички и психофизички подготвени. Сè што овие момци направија во овие квалификации заслужија добар пласман“, рече Игор Ангеловски, македонскиот селекторот пред утрешниот меч.

Македонија во Израел одигра 1-1, па добро се познаваат двете селекции во пресрет на новиот меч.

„Доволно добро се познаваме со Израел, игравме и во минатите квалификации. Секој меч е посебен, но јасно е дека нивни главни адути се напаѓачите, пред сè Ерон Захави и Мунас дабур. Тој напад е доста опасен, но како тим имаат свои слабости, а ние ќе се обидеме да ги искористиме. Кога игра репрезентацијата сакаме поддршка, на последнит мечеви имавме полни трибини, а фудбалерите вратија на најдобар начин. Максимално подготвени и мотивирани сме да излеземе на терен и да ги израдуваме повторно нашите навивачи“, додава Ангеловски.

Извор: Спорт1

Слични Објави