Арифи: Заев ја зема Алтернатива во Владата, за да го згасне албанскиот опозициски жар

/

„Бенјамин Арифи, дописникот од Македонија на Еуроњуз од Албанија, коментира на фејсбук дека инсистирањето на Владата да ја земе Алтернатива во коалицијата нема врска со бројките во Собранието, ниту со одржувањето на власта, а уште помалку со евроинтеграциите, туку оти премиерот Зоран Заев со помош на Алтернатива го гасне албанскиот опозициски жар.“ – објави информативниот портал на албански јазик „ин7“.

„Ин7“ ја пренесува целосно објавата на Арифи:
„Инсистирањето на власта да ја земе Алтернативата во коалиција нема врска ниту со бројките во Собранието, ниту со одржувањето на власта, а уште помалку со евроинтеграциите. Да беше заради бројки на пратеници СДСМ никогаш не би дозволил Беса да замине. Заев е, всушност, докажан трговец со мандати: порано од 61 стигна до 80 мандати и го смени Уставот. Инсистирањето да ја земе Алтернатива во власта е настојување да се изгаси албанскиот опозициски жар, да се скрши ‘моралната вертикала’, да се демотивираат оние малкумина Албанци, кои што мислат, кои што дејствуваат и кои што гласаат како политички суштества, а не заради биолошки мотиви и потреби.
Оваа цел се постигнува, со помош на Алтернатива.“



Извор: zoom.mk

Претходна статија

Фазлиу до Алијансата: Соберете 57 потписи и со четворицата пратеници на Алтернатива за пет минути ќе ја урнеме Владата!

Следна статија

Заврши средбата Заев-Гаши: Имаме напредок

Најново од Вести