|

Арсовски: Намалете малку со лажниот популизам, читам кај Ковачевски и не ми се верува, изградиле 1300 километри патишта

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски преку социјалните мрежи го коментираше видеото кое премиерот Ковачевски го објави и со кое порачува дека за 5 години изградиле 1300 километри патишта. Арсовски вели ова е лажен и нереален популизам.

Еве што вели друго тој:

„Вели, изградиле 1.300 километри патишта за 5 години. И пак не можам да поверувам. Сум гледал како сите негови претходници лажат, ама ова е нереално и срамота. Зошто?

Многу едноставно се разобличува оваа лага.

Скопје – ГП Деве Баир -> 107 км

Скопје – ГП Богородица -> 154 км

Скопје – ГП Св. Наум -> 200 км

Скопје – ГП Ново Село -> 157 км

Велес – Делчево -> 116 км

Кавадарци – ГП Ќафасан -> 183 км

Куманово – Свети Николе -> 41 км

Свети Николе – Кочани -> 51 км

Штип – Страцин -> 80 км

Делчево – ГП Стар Дојран -> 131 км

Кичево – ГП Меџитлија -> 85 км

Кичево – Прилеп -> 67 км

Патната инфраструктура во Република Македонија што ја испишав погоре изнесува околу 1.500 километри.

Од погоре наведените патни правци СДСМ и оваа Влада нема ништо направено. Ама баш ништо. Ниту 20% од сето ова, а не пак од целокупната патна инфраструктура во Македонија.

Да не заборавиме дека ниту автопатот Кичево – Охрид не е направен, ниту патот до ГП Блаце, ниту пак е завршена реконструкцијата на 3те километри кај Катланово, која трае со години.

Ковачевски лаже повеќе и од Заев. Тоа е проблем и на човекот, на неговиот ПР тим, но и е матрица на СДСМ.

Запрашајте се дали сите Вие што возите по овие делници, возите по нови патишта изминативе 5 години.

Затоа, намалете со овој лажен и нереален популизам и побрзо заминувајте си од власт.

Граѓаните заборавија дека постои човек кој се вика Бочварски, а Ковачевски се фали со бројки извадени од ракав.

Смешни сте и жални.“



Слични Објави