Артур Шопенхауер: Никој не може да не излаже така добро, како што се лажеме сами себе

Денеска се одбележуваат 230 години од раѓањето на Артур Шопенхауер.

Германскиот филозоф ја следи и ја развива филозофијата на Емануел Кант, осврнувајќи се на начинот на кој ги доживуваме работите во животот. Неговата метафизичка теорија е основана на неговите влијателни дела за психологијата, естетиката, етиката и политиката.

Неговото најпознато дело е “Светот како волја и концепт”.

Ви претставуваме неколку цитати од Шопенхауер!

“Вистинското пријателство е една од оние работи кои, како и големите морски чудовишта, се непозната фикција или некаде навистина постојат”.

“Единствениот човек кој не може без жени е гинеколог”.

“Да се ​ожениш – значи да ги преполовиш своите права и да ги  дуплираш твоите обврски„. 

“За секој од нас е достапна следната утеха: смртта е исто толку природна како и животот, а таму, што ќе биде – ќе видиме”.

“Од гледна точка на младоста животот е бескрајна иднина; од гледна точка на староста – многу кратко минато.”

“Кој не ја сака осаменоста – не му се допаѓа ни слободата”.

“Љубовта е најголемиот изум на животот”.

“Не е ни чудо, што збунетоста и тагата се почеток на филозофијата”.

“Нема поголема утеха во староста од свеста за тоа дека си успеал целата сила на младоста да ја искористиш во креации кои не стареат.”

“Сочувството е основа на моралот”.

“Животот и соништата се страници од една иста книга”.

 



Слични Објави