Астра Зенека подготвува нова терапија против ковид-19 која ќе штити до 18 месеци

/

Астра Зенека подготвува нова терапија против ковид-19, која луѓето би можела да ги заштити од тежок облик на болеста и од смрт и ќe им даде до 18 месеци заштита. Компанијата сега ги објави резултатите од третата фаза на клиничките тестирања, а резултатите покажуваат дека терапијата е ефикасна во намалување на ризиците од потежок облик на болеста и смртен исход.

Терапијата содржи антитела кои обично се стекнуваат преку природен пат во телото на човекот како одговор на заразата со новиот корона вирус или како реакција на вакцина. Тие антитела ги препознаваат специфичните делови од вирусот САРС-КоВ-2 и или директн напаѓаат или се врзуваат за нив за да спречат нормално функционирање на вирусот и така ги означуваат за уништување.

Откако ќе ја завршат својата задала на чистење на вирусот, тие антитела се задржуваат во телото одреден временски период и стануваат дел од меморијата на човечкиот имунитет. Со дргуи зборови, ако истиот вирус се повтори, имунитетот веднаш реагира, повторно ги произведува и тие веднаш се фрлаат во акција.



Треба да се нагласи дека овие податоци ги објави Астра Зенека не се формално рецензирани од независни научници.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

(Галерија) Изложба „150 години Бугарска егзархија“ се одржа во бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Следна статија

Поголем дел од светот се подготвува за петти бран од пандемијата, СЗО нема добри вести за 2022 година

Најново од Вести