АВТОМОБИЛ ИЗЛЕТА ОД ПАТОТ ОХРИД-СВ.НАУМ, ПОВРЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА
На регионалниот пат Охрид – Свети Наум Г.Џ.(39) од Охрид, вчера попладне управувајќи „рено лагуна“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки повреди, а повредена била и сопатничката М.Џ.(32) од Охрид. Двајцата повредени биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“, информираат од МВР.