БАЛАКОВ НЕ ЗНАЕ ЗА НИКАКОВ РАСИЗАМ, НО СЛУШНАЛ КАКО АНГЛИЧАНИТЕ ГИ НАВРЕДУВААТ БУГАРИТЕ

Натпреварот помеѓу Бугарија и Англија синоќа во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2020 година го одбележаа расистичките скандирања на домашните навивачи кон англиските фудбалери.

„Гордиот албион“ својата фрустрација ја истури на теренот и славеше со убедливи 6-0. Она што е интересно е дека селекторот на Бугарија, Красимир Балаков вели дека не слушнал никакви расистички скандирања.

„Јас лично не слушнав никакво скандирање што вие го споменувате. Го видов судијата како го запира натпреварот, но морам да кажам дека немаше недозволено однесување само од бугарските навивачи, туку исто така и од англиските навивачи, кои ја исвиркуваа нашата химна. За време на второто полувреме, тие користеа зборови кон нашите навивачи, кои сметам дека се несоодветни“, рече поранешниот бугарски фудбалер, а сега предводник на националниот тим.

Балаков малку омекна со своите коментари во продолжение, па се обиде да го релативизира инцидентот.

„Доколку ова се покаже дека било точно, тогаш ни е навистина жал, ние работиме многу напорно и никој не сака да гледа вакви работи. Морам да ви кажам дека овие работи досега никогаш не се случиле до натпреварот со Англија. Ако нешто може да биде докажано, тогаш ни е жал, но не можеме да зборуваме во име на некои навивачи“, додаде Балаков.

Откако беше запрашан, зошто тогаш капитенот на Бугарија отиде до трибините да зборува со навивачите, Балаков повторно имаше интересен одговор.



„Ако нашиот капитен зборувал со навивачите, тогаш тоа било само поради нашата лоша игра на теренот“, додаде селекторот на нашиот источен сосед.

Капитенот Попов по завршувањето на првото полувреме, кое два пати беше прекинато поради расистички скандирања, замина на трибините да разговара со навивачите и да ги замол да престанат со таквото однесување.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ЈУНИОРИТЕ ПРВИ ВО БУГАРИЈА, АНДОНОСКИ ПРОГЛАСЕН ЗА МВП

Следна статија

НАДЕЖИТЕ СО КАЗАХСТАН ПО ТРЕТА ПОБЕДА: ДА ДОКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ ГОЛЕМ КАНДИДАТ ЗА ЕП!

Најново од Спорт