БАРСЕЛОНА И ПСЖ ПОДГОТВУВААТ СПЕКТАКУЛАРНА ТРАМПА НА ЛЕТО!?

Вести Истакнато Спорт

Француските медиуми пишуваат дека Барселона и ПСЖ преговараат за неверојатна размена на фудбалери. Наводно, Каталонците планираат да го испратат Осман Дембеле во Париз, а во замена да добијат ѕвезда од францускиот шампион.

Наводно, Барселона го сака Нејмар, а тој не крие дека сака да се врати во Каталонија, па Каталонците најверојатно ќе мора да доплатат за неговиот трансфер околу 50-60 милиони евра.

Сепак, ова се само шпекулации бидејќи главна улога ќе има Финансискиот фер-плеј, а доколку реши да ги казни Парижаните, тогаш би можеле да се согласат да го продадат Нејмар.

Исто така, Барселона планира да го ангажира и Адриен Рабио како слободен фудбалер, а не се исклучува можноста во спротивен правец, односно во Париз, да замине Иван Ракитиќ, кој ја продава својата куќа во Каталонија.

Извор: sport1.mk