БЕЏЕТИ: ГРАД СКОПЈЕ НЕМА ШТО ДА ДИСКУТИРА ЗА ЕЗЕРОТО ТРЕСКА, ТОА СЕ НАОЃА ВО ОПШТИНА САРАЈ

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, во изјава за ТВ21 вели дека езерото Треска било уништено додека било под надлежност на Град Скопје.

„Не е на нивно да дискутираат за надлежностите зошто им се дадени на Општина Сарај. Тие можат политички да го третираат тоа, но езерото Треска се наоѓа во Општина Сарај. Со години е уништувано. Од моментот кога го преземавме менаџирањето на езерото Треска, денес се зборува до каде сме стигнале со проекти, тоа е најдобар доказ дека одлуката била исправна“, истакна Беџети.