БЕЈЗБОЛ ПАЛКА НА ЛЕГЕНДАРНИОТ БЕЈБ РУТ ПРОДАДЕНА ЗА – ЕДЕН МИЛИОН ДОЛАРИ!

Бејзбол палка со која легендарниот Бејб Рут, прогласен за најголемиот играч на сите времиња во овој спорт стигнал до 500-от хоумран во кариерата била продадена на аукција за рекордни и неверојатни еден милион долари.

Оваа бејзбол палка Рут му ја подарил на свој пријател во 40-те години од минатиот век, по што сега се нашла на аукција, а вредното парче од историјата на овој спорт сега неименуван човек го платил со милион „зелени банкноти“.

Рут е роден во 1895 година во Балтимор, а од 1914 година беше дел од Бостон Ред Сокс, а потоа од 1920 се преселил во Њујорк и славата ја достигнал како играч на Јенкис.

Извор: Спорт1



Слични Објави