Бектеши: Ќе ги искористиме механизмите за да нема ценовни шокови

/

Ако е потребно, ќе ги искористиме механизмите за да нема ценовни шокови, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши во врска со вчерашното предупредување на преработувачите дека храната драстично ќе поскапи.

Бектеши по средбата со дел од еснафот на Старата скопска чаршија нагласи дека состојбата будно се следи.

-Будно ја следиме ситуацијата во делот на глобалниот ланец на снабдување, посебно со прехранбените производи. Тоа го покажавме и во време на пандемија. Секако има механизми, посебно ако се повикаме на Законот за трговија каде што за основните производи може да донесеме одлуки во делот на замрзнување на одредени цени, било тоа да се цени во прехранбените производи или суровини кои се увезуваат или се продаваат директно во голема и мала продажба, рече министерот.



Ние работиме, додаде, на зголемување на платите на приватниот и јавниот сектор, првично на минималната плата, што потоа ќе придонесе да се зголемуваат и другите плати.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Извештајот готов, Заев вели: Ќе го прочитам и утре ќе одлучам за оставките на Филипче и Хасани

Следна статија

Николовски: Смешно е да се тврди дека 14 лица ги загубија животите поради некаков кабел

Најново од Вести