БЕНИТЕЗ СЕ ЗБОГУВАШЕ СО ЊУКАСЛ: САКАВ ДА ОСТАНАМ И ДА БИДАМ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ…

/

Рафаел Бенитез, поранешниот тренер на Њукасл јунајтед соемотивно писмо се прости од навивачите на клубот.

Шпанскиот тренер имаше договор со Њукасл до вчера, а двете страни решија да не ја продолжат соработката.

„Стана јасно дека не ја делиме истата визија. Сакав да останам, но не сакав само да го продолжам договорот, туку сакав да бидам дел од проектот“, напиша Бенитез.

Бенитез испрати писмо до навивачите преку Твитер.

„Драги навивачи на Њукасл,

Ви благодарам за трите фантастични, возбудливи и од време на време тешки години. Ја имавме вашата поддршка, љубов и страст, тоа беше неверојатно за мене. Стадионот е секогаш посебен, победата од 5-1 против Тотнем, 15.05.2016, за мене имаше многу емоции.



Ви благодарам на сите во клубот, кои помогнавте да растеме и да се бориме, му благодарам и на стручниот штаб (еден од најдобрите со кои сум работел).

Од освојување на Чемпионшип-лигата, па до две сезони во Премиерлигата. Навивачи, штаб и фудбалери сите бевте обединети. Сакав да останам, но не сакав да го продолжам само договорот, туку сакав да бидам дел од проектот. За жал, стана јасно дека со луѓето од врвот не ја делиме истата визија“, напиша Бенитез.

Извор: Спорт1



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ОТКАКО СДСМ И ЗАЕВ СЕ НА ВЛАСТ ЕКОНОМИЈАТА ТОНЕ

Следна статија

ЛУДА НОЌ ВО НБА: НА НЕКОЛКУ МЕГА-ТРАНСФЕРИ БЕА ПОТРОШЕНИ ПОВЕЌЕ ОД – ТРИ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ!

Најново од Вести