БЕЗ ДОЗВОЛА ВРШЕЛЕ ПРЕВОЗ НА ДРВА ЗА ОГРЕВ

СВР Штип поднесе кривична пријава против М. С. (29) од с. Кучица, општина Карбинци, и Д. Г. (32) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без лиценца.

Како што се наведува, на 9.10.2019 и 11.10.2019 од с. Кучица до улицата Енгелсова во Штип и од склад за дрва на улицата Брегалничка до улицата Сутјеска во Штип, пријавените со камион вршеле превоз на огревни дрва, без да поседуваат лиценца.