Боцевски пред Собрание: Од утре блокади низ целата држава

/

Од утре се најавени блокади низ државата како знак на протест против францускиот предлог. Како што беше соопштено вечерва тие ќе траат еден час. Ова од името на организаторите го соопшти поранешниот амбасадор во Бразил и поранешен вицепремиер за европски прашања, Ивица Боцевски, кој говореше пред на протестот пред Собранието

„Од име на организаторите на овој протест да ве информирам дека утре ќе имаме блокади низ целата држава. Блокадите ќе почнат од 13 до 14 часот. Утре ќе ве информираме каде ќе бидат и како ќе течат. Ќе ја блокираме цела Македонија, додека нашите храбри пратеници во Собранието се борат за нашите интереси, за одбрана на македонскиот јазик, македонскиот народ и македонската држава“, изјави Боцевски.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Алијансата за Албанците ја прекина соработката со ВМРО-ДПМНЕ

Следна статија

Мицкоски: Во овој состав на ВМРО-ДПМНЕ нема предавници, нема да подржиме уставни измени

Најново од Вести