Брисел и Лондон во судир за правата на граѓаните на Унијата

//

Британскиот премиер Тереза ​​Меј предупреди дека европските граѓани кои ќе дојдат во Велика Британија по Брекзит догодина, може да немаат истите права како дојдените порано. Ова ќе создаде услови за конфронтација меѓу Брисел и Лондон во однос на  прашањето за односот кон европските државјани за време на преодниот период по официјалното излегување на Велика Британија од Унијата.
ЕУ ја предупреди Велика Британија дека треба да ги прифати сите одлуки на Унијата, а за време на т.н. преоден период по Брекзит европските граѓани да имаат целосни права на престој во Обединетото Кралство.
Меј рече дека граѓаните на ЕУ кои ќе пристигнат во Велика Британија по март 2019 година  веќе ќе бидат третирани на поинаков начин.
Многу од приврзаниците на Брекзит изразуваат загриженост дека планот да нема особени промени во сегашното статус кво во периодот непосредно по официјалното излегување на Велика Британија од Унијата во март 2019 година претставува замена на одлуката од референдумот.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Притворените патриоти кои се обвинети за тероризам се жртва на конструкција со цел создавање на страв кај граѓаните и дефокусирање на јавноста од реалните проблеми

Следна статија

Од вечер во 20 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз

Најново од Вести