БРИТАНИЈА НЕДЕЛНО ЌЕ ДОБИВА ПО 2 МИЛИОНА ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТА НА ОКСФОРД

Околу два милиони дози вакцини против коронавирус, развиени од Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека, треба да се доставуваат до Велика Британија секоја недела, објави „Тајмс“.

loading...

АстраЗенека очекува да испорача вкупно два милиони дози на вакцина до следната недела, објави весникот, повикувајќи се на неименуван член на тимот Оксфорд/АстраЗенека. Велика Британија во средата ја одобри вакцината Оксфорд/АстраЗенека против ковид-19, надевајќи се дека брзата акција ќе помогне да се запре рекордниот пораст на заразени лица со многу заразниот сој на вирус.

Премиерот Борис Џонсон нарача 100 милиони дози вакцини на АстраЗенека, доволна за вакцинирање на 50 милиони луѓе. AstraZeneca соопшти дека сака да обезбеди милиони дози во првиот триместар, додавајќи дека првите вакцинации треба да започнат да се даваат оваа година.


loading...

Велика Британија, која бележи повеќе од 50.000 нови случаи на инфекција со коронавирус дневно во последните четири дена, се справува со брзото ширење на многу позаразниот сој на коронавирус.