БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ВО БРАЗИЛ ДОСТИГНА 254.220, ПОЧИНАА 16.792 ЛИЦА

/

Бразил се искачи на третото место во светот во однос на бројот на заразени со новиот коронавирус, откако ја надмина Велика Британија, пренесува Плусинфо.

Бројот на заболени во Бразил се зголеми за 13.140 и достигна 254.220, додека во Велика Британија се регистрирани 247.706 случаи на инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Во изминатото деноноќие од ковид-19 во Бразил починаа 674 луѓе, со што смртниот биланс сега изнесува 16.792 лица. Бразил е на шесто место во светот по бројот на починати.



Државата Сао Паоло е епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Бразил, како и нејзиниот главен град Сао Паоло, каде живеат повеќе од 21 милиони луѓе.

Претходна статија

НА ПЛАДНЕ ВЛАДАТА ЌЕ ОДРЖИ СЕДНИЦА, ЌЕ ИМА ЛИ ПОПУШТАЊЕ НА МЕРКИТЕ?

Следна статија

АВТОРКАТА НА ДНЕВНИКОТ ОД ВУХАН ПРОГЛАСЕНА ЗА НЕПРИЈАТЕЛ НА КИНА

Најново од Вести