Бројот на загинатите во поплавите во Германија расте, критично и жртви и во Белгија

/

Најмалку 120 лица загинаа, а повеќе од 1.300 се водат како исчезнати во поплавите во Германија кои беа опишани како најлоши во последните неколку децении. Германските власти најавија дека бројот на жртвите може да се зголеми во наредните денови.

Илјадници полицајци, војници и припадници на службите за итни случаи се распоредени во акцијата за потрага и спасување. Германската канцеларка Ангела Меркел, која е во официјална посета на Вашингтон, изјави дека државата ќе стори сè што е можно за да се пронајдат исчезнатите, додавајќи дека во наредните денови ќе се евалуира целиот размер на катастрофата. Германскиот претседател невремето ги поврза со глобалното затоплување.

„Длабоко сум трогнат од вестите и фотографиите за разорните ефекти од катастрофалните поплави во многу делови на нашата земја. Многу луѓе го изгубија она што го граделе целиот свој живот – своите работи, своите домови, покривот над главата. Преземајќи ја борбата против климатските промени, ќе можеме да ги задржиме во нормални рамки екстремните временски услови, слични на овие што ги доживуваме сега“, изјави Франк-Валтер Штајнмаер, претседател на Германија.

Поплави има и во Белгија каде се пријавени најмалку 20 жртви. И Холандија, Луксембург и Швајцарија се соочуваат со обилни дождови кои се очекуваат да продолжат.



Вјолца Алити

Извор:zoom.mk

Претходна статија

Убиен новинар на Ројтерс додека известувал, бил добитник на Пулицерова награда

Следна статија

Кривична пријава против две лица за лихварство

Најново од Вести