Брза солена торта

Состојки:
– 4 јајца
– 1 чаша јогурт
– 100 мл. масло
– 2 чаши брашно
– 1 ќесичка прашок за печиво
– 300 гр. сечкана салама
– 200 гр. сирење
– 3-4 кисели крставички
– прстофат сол

Подготовка:
Земете едно јајце и изматете го со миксер. Потоа додадете го маслото и по кратко мешање додадете го и јогуртот. Откако ќе добиете хомогена смеса ставете го брашното заедно со прашакот за пециво. Измешајте со дрвена лажица. Во смесата додадете ги сирењето, саламата, крставичките и солта. Измешајте убаво. Тавата за печење намрсете ја и попрскајте ја со брашно. Во припремената тава ставете ја смесата. Одозгора ставете ги останатите три јајца кои претходно сте ги измешале со миксер и наросете со сирење и салама. Печете на температура од 180 степени, додека убаво не зарумени.

На здравје!



Слични Објави