Брза торта

Состојки:
– 1 филџан шеќер
– 1 пакетче ванила
– 2 лажици рум
– 1/2 филџан масло
– 1 филџан јогурт
– 1 лажичка сода бикарбона
– 2 филџани брашно
– слатко по избор
– ореви

Подготовка:
Најпрво измешајте ги јогурот и содата. Потоа ставете ги шеќерот, ванилата, румот и маслото и измешајте убаво со миксер.  Додадете го брашното со постојано мешање. Ставете пола од смесата во сад за печење, потоа додадете слатко и дотурете ја останатата смеса. Наросете со мелени ореви. Печете на 180 степени, околу 30-45 минути.

На здравје!



Слични Објави