БРЗИТЕ ТЕСТОВИ ДОЈДОА, НО ГРАЃАНИТЕ ПАК НЕ МОЖАТ ДА ЗАКАЖАТ ТЕСТИРАЊЕ И ДА СЕ ТЕСТИРААТ БЕСПЛАТНО

//

Tестовите кои покажуваат за половина час дали едно лице е заразено со КОВИД 19 засега ги има само во Поликлиниката Ѓорче Петров, но чинат 1.000 денари. Од здравствен дом Скопје велат дека тестовите ги наплаќаат бидејќи инситутцијата сама си ги набавила преку тендерска постапка, се вели во материјал на ТВ 24

Граѓаните кои ги анкетиравме се пожалија дека не можат да закажат преку матичните лекари, иако дел од нив биле со симпотми, а други биле во контакт со заразено лице па поради тоа одлучиле да се тестираат тука. 

„Треба да одам на операција и ми бараат ковид тест, а немам да дадам 4 000 денари и вака  барем 1 000 денари ќе платам. Матичната доктрока вели термини нема, а јас морам да одам на операција“



„Не ми е јасно кога термините се потрошија. Се е тоа со врски , нема  шанси за термин, ако ме викнат сега ги молам ги чекам, итна ми е работата, имам во семејството позитивен на вирусот. Петорица сме, шесторица дома, по 4 000 денари ако платиме, што е тоа, нека се запраша некој колку ни се примањата.“ 

„Имам симптоми. Сама одлучив тука да дојдам да се тестирам. Бев утринава кај матичниот лекар, но немаше термини, ми закажуваше дури во Тетово, тестот чини 1 000 денари, а резултатите за половина час треба да ги добијам.“ 

Претходна статија

БОРИСОВ ЈА ИСПРАТИ ЗАХАРИЕВА ВО БЕРЛИН СО ЦВРСТ СТАВ ЗА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

„НЕКСТ ТАЈМ“ СО НОВА ИЗВЕДБА ВО ДОМАШНА АТМОСФЕРА-КОМУЊАРИ НЕ ПАНИЧЕТЕ НЕ Е КОМИТСКА…

Најново од Вести