| |

БУГАРИЈА НЕМА ДА ГО НОМИНИРА ОРЦЕ КАМЧЕВ ЗА ПОЧЕСЕН КОНЗУЛ ВО МАКЕДОНИЈА

Бугарската Влада нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев за почесен конзул на Бугарија во Македонија. Оваа одлука како што вели Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, е донесена поради реакциите во македонската јавност и противењето на владата.

„Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, на крај го имаме на ум вашето мислење“, вели во интервјуто Каракачанов.

Тој исто така ги демантира сите шпекулации за било каква поврзаност на Бугарија во случајот „Рекет“.

Слични Објави